• петок, 22 ноември 2024

За една недела санкционираа 208 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

За една недела санкционираа 208 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 208 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 29.08. до 04.09.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 105 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираа од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Оттаму потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. дма/са/

Остани поврзан