• понеделник, 23 декември 2024

За една недела казнети 108 возачи кои непрописно паркирале возила во Општина Центар

За една недела казнети 108 возачи кои непрописно паркирале возила во Општина Центар

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од 19 август до 25 август 2024 година со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 108 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.

-ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан