• петок, 05 декември 2025

За еден месец 80 лица се сретнале со министерот за здравство преку „Отворен кабинет"

За еден месец 80 лица се сретнале со министерот за здравство преку „Отворен кабинет

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Министерството за здравство денеска соопшти дека преку алатката „Отворен Кабинет“ во изминатиот месец 80 граѓани имале средба со министерот за здравство Азир Алиу. 

- До овој момент одговорено е и постапено е по 29 отсто од барањата, за еден дел потребни се системски унапредувања кои веќе се иницирани, додека за останатиот дел формирани се комисии за поефикасно постапување по нив, се наведува во соопштението до Министерството за здравство.

Министерот Алиу, како што информира ресорното Министерство, во текот на утрешниот ден ќе биде во Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет", каде од 12 до 14 часот ќе има средба со граѓани во просториите на Клиничката болница-Штип.

- За учество на овие средби потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет", која е достапна преку интернет страницата на Министерство за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/, информира Министерството. бак/дма/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан