• недела, 22 декември 2024

За две децении, цената на златото се зголеми за 800 отсто

За две децении, цената на златото се зголеми за 800 отсто

Њујорк, 10 септември 2024 (МИА) - Изминатата година цената на златото постојано урива рекорди. Оваа година започна со историски максимум од 2.050 долари, а секој месец достигнуваше нов максимум.

Сегашната светска берзанска цена е околу 2.520 долари за унца, што е раст од речиси 500 долари за само осум месеци од годинава, а се очекува годината да ја заврши со нов рекорд.

Цената на овој благороден метал за две децении скокна за 800 отсто.

Според аналитичарите, побарувачката за инвестициско злато во Америка и во Кина се третира како една од најбезбедните и најодговорните набавки. Побарувачката за инвестициско злато во првиот квартал годинава скокна за 68 отсто во однос на лани. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан