• петок, 20 декември 2024

За два дена од Киев и Суми се евакуирани 80.000 луѓе

За два дена од Киев и Суми се евакуирани 80.000 луѓе
Киев, 10 март 2022 (МИА) - Вкупно 80.000 луѓе за два дена успеаја да избегаат по хуманитарните коридори од регионите Киев и Суми, соопшти украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. - Вкупно 60.000 луѓе го напуштиле североисточниот град Суми и неговата околина од вторникот, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, дополнувајќи дека 20.000 луѓе ги напуштија областите северозападно од украинскиот главен град Киев, кои претрпеа тешки руски бомбардирања. Верешчук додаде дека 3.000 едвај биле евакуирани од Ижум, во близина на опколениот источен град Харков. Вкупниот број на луѓе евакуирани од тешко погодените украински градови е близу 400.000, според министерот за внатрешни работи на Украина. ссм/

Остани поврзан