• петок, 22 ноември 2024

За вториот уписен рок во гимназиите во Дебарско во прва година слободни 330 ученички места

За вториот уписен рок во гимназиите во Дебарско во прва година слободни 330 ученички места
Дебар, 15 август 2022 (МИА) - Во трите гимназии, колку што функционираат во Дебарско, за второто пријавување за упис во прва година, слободни се 330 ученички места, откако во трите пријавувања од првиот, јунски, уписен рок, се запишале само 70 ученици или 17,5 отсто од предвидените 400 со конкурсот на Министерството за образование и наука. Во дебарската гимназија „28 Ноември“ во прва година предвидената квота од 272 ученика пополнета е само за 13,6 отсто. -Во нашата образовна институција запишани се 37 ученици, од нив 14 за настава на македонски и 23 на албански наставен јазик. Врз основа на конкурсот на МОН, можност за упис во прва година имаат 272 ученика, во осум паралелки, од кои три, со 102 ученика, за настава на македонски и пет, со 170 ученици на албански наставен јазик, изјави за МИА, Рамадан Имери, директор на гимназијата. Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, според директорот Сабри Асан, квотата за упис во прва година е 68 ученици, односно по една паралелка, од по 38 ученици, со настава на македонски и на турски наставен јазик. Запишани се 18 ученици, од нив 17 за настава на турски и еден ученик за македонски наставен јазик. -Во прва година право на упис во СОУ „Маврово-Ростуше“ во Ростуше имаат 68 ученици во две паралелки, сите на мајчин македонски јазик. Во првиот уписен рок запишани се 15 ученици, што значи слободни се 53 ученички места, изјави за МИА, Харис Беќири, педагог во гимназијата. Пријавувањето во вториот уписен рок ќе се врши на 22 август до 24 часот, кога се очекува да се пријават поголем број завршени осмоодделенци, но реално, според нив, ниту од далеку нема да биде пополнета предвидената бројка. вт/рп/

Остани поврзан