• петок, 11 октомври 2024

За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред

За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - За време на трите дена од продолжениот викенд по повод државниот празник 11 Октомври – петок, сабота и недела, автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП Скопје.

-Денеска и в недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација во Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар и ќе работат од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу, соопшти ЈСП. вј/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан