• петок, 22 ноември 2024

За време на примирјето во Алепо сè повеќе повредени од снајпер

За време на примирјето во Алепо сè повеќе повредени од снајпер
Алепо, 3 јуни 2020 (МИА) - Лекари во сирискиот град Алепо тврдат дека сè почесто се сретнуваат со пациенти кои имаат прострелни рани од снајпер. - Кога почна примирјето мислевме дека ќе можеме да здивнеме и дека ќе има помалку повредени или дека воопшто ќе нема. Но, не е така. Сега сè повеќе луѓе се примаат во болница, за време на примирјето примивме речиси 80 повредени лица во тешка состојба, од кои 25 починаа, изјави лекарот Абдурхамид ил Ага. Тој додаде дека погоплемиот број повредени луѓе се од снајпер. Русија и Турција договорија примирје во Алепо, а борбите наводно престанаа на 6 март. ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан