• петок, 05 декември 2025

За викендот казнети над 1711 возачи, најмногу за пречекорување на брзината и управување без дозвола

За викендот казнети над 1711 возачи, најмногу за пречекорување на брзината и управување без дозвола

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд полицијата изрекла 1711 казни за сообраќајни прекршоци низ целата земја, при што најголем дел од нив се за возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, како и за оние што управувале без возачка дозвола или под дејство на алкохол. Министерството за внатрешни работи апелира на одговорно однесување и почитување на правилата за безбедност на патиштата.

-Од вкупно 1711 издадени платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење. Истовремено детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига. Покрај ова согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци, информираат од МВР.

Викендов биле отстранети 37 возила заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила поради техничка неисправност. Од полицијата соопштија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. бк/са/

Фото: МИА

Остани поврзан