• недела, 30 јуни 2024

За брзо возење казнети 57 возачи на територијата на СВР Охрид

За брзо возење казнети 57 возачи на територијата на СВР Охрид
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) – За управување возило со брзина поголема од пропишаната денеска во периодот од 7:00 до 12:00 часот на подрачјето на СВР Охрид санкционирани се 57 возачи во рамки на спроведена засилена акциска контрола, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР. вј/дма/

Остани поврзан