Зајакнување на билатералната соработка и евроинтеграциите во фокусот на средбата на Мицкоски со Розенкранц
- -Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен фокус на европските интеграции, сеопфатните реформски процеси и зајакнувањето на институционалните капацитети, објави премиерот на Фејсбук.
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со шведската министерка за европски прашања, Јесика Розенкранц.
-Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен фокус на европските интеграции, сеопфатните реформски процеси и зајакнувањето на институционалните капацитети, објави премиерот на Фејсбук.
Средбата, се додава во објавата, претставува силен поттик за понатамошно унапредување на партнерството и заедничките иницијативи во духот на европските вредности. ац/са/
Фото: ФБ Христијан Мицкоски