Зачини и хранливи додатоци за подобро здравје
- Нерастворлива е во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот.

Лос Анџелес, 15 јули 2022 (МИА) - Истражувачите од проектот „Здрава исхрана“ (Healthy Nutrition) посочуваат пет зачини за подобрување на здравјето и зачувување на младоста и совети како правилно да се користат.
Куркумата помага во борбата со воспалителните процеси во телото, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува опасноста од рак, благодарение на куркуминот. Таа е нерастворлива во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот.
