• недела, 22 декември 2024

Захарова: Бугарија ја труе атмосферата на пријателство меѓу Москва и Софија

Захарова: Бугарија ја труе атмосферата на пријателство меѓу Москва и Софија
Москва, 30 јануари 2020 (МИА) - Со протерувањето на руските дипломати од Бугарија, Русија смета дека „постои намера да се труе атмосферата на пријателство меѓу Москва и Софија“ и да не се спроведуваат претходно постигнатите договори, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Во низата неодамнешни настани ние гледаме намерна желба да не успее спроведувањето на билатералните договори постигнати последниве месеци и да се труе атмосферата на пријателство и меѓусебно корисна соработка, што треба да постои во односите меѓу нашите две земји и народа. Го задржуваме правото да одговориме. Целата одговорност за неоправданите и провокативни чекори и се препишува на бугарската страна, истакна Захарова. Бугарското МНР на 24 јануари ги прогласи за „персона нон грата“ еден руски дипломат и еден член на техничкиот персонал на руската амбасада во Софија. Двајцата вработени во амбасадата имаа 48 часа да ја напуштат земјата. Како што објави БГНЕС, Захарова го повтори аргументот на руските власти дека Бугарија не доставила материјали и докази за протерувањето на двајцата дипломати. Таа, исто така, потсети дека еден ден претходно, на 23 јануари, бугарското обвинителство обвини тројца Руси за труење на бизнисменот Емилијан Гебрев во 2015 година. Според неа, тоа е уште еден елемент од антируската кампања, зад која стојат претставници на политичката елита во Бугарија. Во врска со протерувањето на двајцата руски дипломати, Бугарија доби силна евроатлантска поддршка. Амбасадите на САД, Велика Британија и Канада ги поддржаа напорите на државата да ги спречи „странските злонамерни дејства“. гт/

Остани поврзан