• петок, 22 ноември 2024

Захарова: Фрапантни се обвинувањата на Западот кон Белорусија

Захарова: Фрапантни се обвинувањата на Западот кон Белорусија
Москва, 24 мај 2021 (МИА) - Русија оцени дека се фрапантни обвинувања на Западот кон Минск по пренасочување на авионот со кој патуваше белорускиот опозициски активист и новинар Роман Проташевич. - Шокантно е што Западот го смета инцидентот во белорускиот воздушен простор за шокантен, напиша портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на Фејсбук. Таа додаде дека западните земји во минатото биле осудувани за „киднапирања, присилни слетувања на авиони и незаконски апсења“. Белоруските власти го уапсија опозиционерот Роман Проташевич откако авионот со кој патуваше од Атина за Вилнус принудно слета во Минск, по лажна најава за поставена бомба. Тоа наиде на осуда на меѓународната заедница, која бара итно ослободување на Проташевич. ми/

Остани поврзан