• вторник, 05 ноември 2024

Захарова: Стотици руски дипломати протерани од земјите-членки на НАТО

Захарова: Стотици руски дипломати протерани од земјите-членки на НАТО

Москва, 26 април 2022 (МИА) - Неколку стотици руски дипломати се вратија во Русија од земјите-членки на НАТО, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова за радиото „Русија“.

Коментирајќи го протерувањето на руските дипломати од западните земји, Захарова рече дека тоа е без преседан и истакна дека „вакво нешто никогаш не се случило во историјата на меѓудржавните односи“. Според неа, причините за протерувањето биле „измислени и извршени преку провокации“.

„Никогаш во историјата на меѓународните и меѓудржавните односи вакво нешто не започнало во последните децении. Се измислува изговор, кој се фабрикува и потоа се применува преку провокации. Токму како повод, не како факт, туку како изговор. Потоа следеа бранови протерувања на руски дипломати“, рече Захарова.

Во исто време, според портпаролот на руското МНР, дипломатите „работеле добро, се фокусирале на воспоставување и развивање билатерални економски и политички врски, воспоставиле контакти, пред се во рамките на овластувањата што ги имале како дипломати, и со граѓанското општество, зборувајќи за земјата, го промовирале гледиштето на Русија“. паг/

Остани поврзан