• петок, 22 ноември 2024

Захарова: Киев го саботира процесот на размена на воени заробеници

Захарова: Киев го саботира процесот на размена на воени заробеници

Москва, 2 ноември 2024 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека официјален Киев го саботира процесот на размена на воени заробеници.

„Руското Министерство за одбрана предложи оваа година да се разменат 935 украински воени заробеници, но официјален Киев се согласи на размена на само 279 лица“, рече Захарова на онлајн брифинг со новинарите.

Според неа, „Русија редовно повикува на враќање на практичниот дијалог и зголемување на обемот на размена на затвореници без скриени политички цели, но за официјален Киев овој процес е политички и украинската страна го гледа како медиумски инструмент за остварување на своите интереси“. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан