Затворени бич барови на Миконос поради потврдени случаи на коронавирус кај врботените
- Два од најпознатите бич барови на грчкиот остров Миконос од синоќа до петок се затворени поради тоа што биле откриени најмалку десет случаи на Ковид-19 кај вработените , јави дописничката на
Атина, 2 септември 2020 (МИА) – Два од најпознатите бич барови на грчкиот остров Миконос од синоќа до петок се затворени поради тоа што биле откриени најмалку десет случаи на Ковид-19 кај вработените, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, по спроведените ненајавени тестирања на вработените во саботата, засега се потврдени 13 позитивни случаи.
Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Василис Папагеоргиу во одлуката за привременото затворање на „Намос“ и „Скорпиос“, објаснува дека мерката е „поради вонредни причини за справување со сериозна опасност по јавното здравје и особено за сречување на ширењето и последиците од коронавирусот“.ср/ссм/