• сабота, 13 јули 2024

Засилена сообраќајна контрола во Тетово-откриени возила без сопирачки и возачи без дозволи

Засилена сообраќајна контрола во Тетово-откриени возила без сопирачки и возачи без дозволи

Тетоов, 3 ноември 2021 (МИА) - На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 9 до 14 часот спроведена е засилена  сообраќајна контрола, во која вкупно биле откриени и санкционирани две технички неисправни возила со неисправни сопирачки, едно нерегистрирано возило и две други видови на неисправности.-Покрај ова, откриени и исклучени од сообраќај биле и седум возачи од кои пет управувале без возачки дозволи и двајца се возачи-почетници. Во рамки на контролата, исто така, санкционирани се и девет непрописно паркирани возила, а четири биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и осум други видови сообраќајни прекршоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатот месец во тетовскиот регион се евидентирани 311 пречекорувања на максимално дозволената брзина и 39 непрописни престигнувања, а сите се адекватно санкционирани со поднесоци и други законски мерки. ас/мд/

Остани поврзан