Засадено ново зеленило во општина Карпош
- Засадени се 215 украсни растенија во маалскиот парк меѓу улиците „Желево“ и „Соле Стојчев“, во општина Карпош 4.
Скопје, 2 август 2021 (МИА) – Засадени се 215 украсни растенија во маалскиот парк меѓу улиците „Желево“ и „Соле Стојчев“, во општина Карпош 4.
-Овој маалски парк е лоциран меѓу неколку објекти за домување. Со овие активности за уредување на јавниот простор уште повеќе се поттикнува маалскиот живот и меѓугенерациска дружба, кои се карактеристични за Карпош 4, информираат од општината.
Додаваат дека е завршена изведбата на маалскиот парк спроти хотел „Карпош“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“ и воедно потсетуваат дека претходно, локалната самоуправа засади нова тревна површина, висококвалитетни дрвја, и дека е поставен систем за наводнување.
Во претстојниот период ќе бидат поставени и нови клупи за седење и корпи за отпадоци, а ќе се обноват и детските реквизити.свс/са/