• сабота, 23 ноември 2024

Зариф: Нашата акција е легитимна самоодбрана

Зариф: Нашата акција е легитимна самоодбрана
Техеран, 8 јануаери 2020 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф денеска изјави дека ракетниот напад врз американски цели во Ирак се „легитимна самоодбрана“. - Нашата акција е легитимна самоодбрана и САД би требало да ги избегнуваат процените засновани врз илузии, наведе Зариф. Тој претходно на Твитер напиша дека Иран презел пропорционални мерки во самоодбрана во согласност со членот 51 од Повелбата на Обединети нации врз базите од каде е преземен „кукавичкиот напад“ врз ирански државјани. - Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме од агресијата, напиша напиша Зариф на Твитер. ми/

Остани поврзан