• среда, 27 ноември 2024

Зариф: Иран ќе го спроведе договорот ако САД ги укине санкциите

Зариф: Иран ќе го спроведе договорот ако САД ги укине санкциите
Техеран, 18 ноември 2020 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека Иран целосно ќе го спроведе нуклеарниот договор од 2015 година, доколку новоизбраниот претседател Џо Бајден ги укине санкциите за Техеран, што според него може да се направи брзо, преку три извршни наредби. „Доколку господинот Бајден сака да ги исполни обврските на Соединетите Американски Држави, можеме веднаш да се вратиме на нашите обврски од договорот и да ги продолжиме преговорите“, рече Зариф во интервју за порталот „Дејли Иран“. Тој додаде дека Иран е подготвен да разговара за тоа како САД можат да се вратат на договорот. - Ситуацијата ќе се подобри во следните неколку месеци, рече тој. Во предизборната кампања, Бајден вети дека САД ќе се вратат на договорот за нуклеарно оружје со Иран, доколку Иран се врати на своите обврски. Во 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука САД да се повлечат од договорот и воведе санкции за Техеран. паг/

Остани поврзан