• сабота, 06 јули 2024

Фестивал на италијанска џез музика „JaZzIT! Italian Jazz Trilogy“

Фестивал на италијанска џез музика „JaZzIT! Italian Jazz Trilogy“

Скопје, 5 декември 023 (МИА) - По повот триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Италија и нашата држава, денеска, покрај другите настани организирани од Амбасадата на Италија во Скопје, започнува фестивалот на италијанска џез музика „JaZzIT! Italian Jazz Trilogy“.

Фестивалот е организиран од Амбасадата на Италија во Скопје, Римската музичка институција „Fondazione Musica per Roma” и Италијанскиот институт за култура во Белград, со поддршка од Италијанското министерство за култура и ќе трае три дена, до четврток, седми декември.

Денеска, во клубот „Станица 26“ со почеток во 20:30 часот, македонската публика ќе има можност да ја проследи авторските изведби на врвни имиња од италијанската џез сцена, како што се саксофонистот Марчело Алули, триото „Тhe Original Box Brothers”, како и познатата кантавторка Костанца Алеџани, додека пак на утре ќе настапат трубачкиот виртуоз Џовани Фалцоне, дуото Мауро Кампобасо и Мауро Манsони со нивниот патувачки проект „Vanishing Point” и триото Федра на Симона Северини.

За крај, на седми декември во просториите на Македонскиот народен театар, фестивалот ќе кулминира со изведбите на квартетот на младиот саксофонист Габриел Марчано и неговиот проект „A reason to believe”, како и, веднаш потоа, во настапот на т.н. „Freak Trio” на Џовани Фалцоне.

Во своите професионални биографии, овие ценети италијански џез музичари вклучуваат бројни студиски албуми и настапи на светските сцени, повеќето и со големи легенди на џезот како што се Пет Метини, Чет Бејкер, Паоло Фрезу, Роберто Гато, Дејв Барел, Роберто Отавијано, Џанлуиџи Тровези и т.н., но и други музички соработки, како што се компонирање на театарска и филмска музика и академски ангажмани при престижни италијански и светски музички конзерваториуми – отсек џез.

Влезници за концертите во клубот „Станица 26“ може да се набават во „Чув де чув“, додека пак билетите за концертната вечер на седмии декември може да се набават на билетарата на Македонскиот народен театар или пак онлајн на Карти МНТ. сан/са/

Фото: Амбасада на Италија

Остани поврзан