• петок, 06 септември 2024

Започнува изградбата на локалниот пат Берово-Црвен Брег-туристичка населба Абланица

Започнува изградбата на локалниот пат Берово-Црвен Брег-туристичка населба Абланица

Берово, 5 септември 2024 (МИА) - Започнува изградбата на  локалниот пат Берово - Црвен Брег - туристичка населба Абланица. Инвестиција е вредна 15,4 милиони денари, а градежните работи ќе траат околу 3 месеци.

-Граѓаните на Берово, за некаде околу три месеци, ќе можат да користат нов локален пат и нова урбана патека за пешачење, низ прекрасниот природен предел. 

Беровчани, туристите и посетителите, ќе добијат нов пат и побрза сообраќајница за пристигнување  до туристичката населба „Абланица“, информираа од Општината.

Средствата, во износ од од 15.423.995,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада, преку капиталните дотации кои се наменети за финансирање на општински проекти.

-Се надевам дека овој локален пат, во значителни размери ќе ја олесни пристапноста на граѓаните до нивните имоти, ќе ја збогати туристичката понуда на Берово и ќе биде мотив плус за туристите да уживаат во прекрасните природни предели во Берово, додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Очекувањата на Општината се со изградбата на овој пат да се зголеми бројот на посетители во туристичката населба. вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан