• понеделник, 23 декември 2024

Започнува втората Европска дипломатска академија

Започнува втората Европска дипломатска академија

Брисел, 31 август 2023 (МИА) – Во варшавското предградие Натолин денеска старнува втората Европска дипломатска академија, што потоа ќе продолжи во белгискиот град Бриж и ќе трае во текот на целата академска 2023/24 година.

Европската дипломатска академија претставува пилот програма на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и има за цел градење на посилна заедничка европска дипломатска култура и надворешна политика. По ланската успешна прва студиска година, ЕЕАС денеска ја започнува втората фаза, со амбиција Академија прерасне во постојана институција.

Врз основа на искуствата минатата година, втората Академија ќе се спроведе во две посебни идентични петмесечни обуки, при што првата ќе трае од денеска до јануари 2024, а втората од февруари до јун следната година. 

Постителите на програмата, две групи од по 25 помлади дипломати од земјите членки и институциите на ЕУ, ќе имаат теоретска и практичната обука, како и едномесечна пракса во седиштето на ЕЕАС во Брисел.

Обуката ќе се фокусира на девет тематски области и ќе вклучува групна работа, симулациски вежби, студии, писмени и усни презентации, дискусии, дебати и разговори, како и индивидуални тренинзи.

Студентите ќе се обучуваат за политики, процедури и дипломатски практики на полето на надворешната политика на ЕУ, со цел стекнување на потребните вештини и способности за ефективно промовирање и одбрана на вредностите и интересите на Унијата во светот. 

За реализација на втората Европска дипломатска академија обезбеден е буџет од 990.500 евра, од кои ќе биде обезбедена школарина и ќе бидат покриени трошоците за транспорт и сместување на учесниците.

Директорка на програмата е актуелната ректорка на Европскиот колеџ во Бриж и поранешна висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. сп/

Остани поврзан