• вторник, 02 јули 2024

Започнува  20. Меѓународен стрип салон „Велес 2023“  и 5- тата Стрип колонија

Започнува  20. Меѓународен стрип салон „Велес 2023“  и 5- тата Стрип колонија

Велес, 23 август 2023 (МИА) - Македонскиот стрип центар од Велес од  вечер до 27 август  ќе биде домаќин на 20 јубилеен Меѓународен стрип салон „Велес 2023 и 5- тата Стрип колонија.Свеченото отворање е вечер во 20 часот во Европската куќа на млади, поранешно Градско кино во центарот на Велес. Во рамки на 5 -тата стрип колонија што од 23 до 27 август ќе се одржи во Куќата на Касапови позната како Куќата на уметноста во стариот дел од Велес ќе учествуваат стрип автори Вишеградската група: Полска, Словачка, Чешка и Унгарија, како и од Србија, Косово и нашата земја.

На отворањето ќе биде отворена изложбата од пристигнатите стрипови од меѓународниот стрип конкурс,а ќе бидат врачени и наградите на најуспешните.

На отворањето на 20 тиот Меѓународен стриш салон „Велес 2023“ ќе биде промовиран и каталог од проектот 20 Меѓународен стрип салон „Велес 2023“-Стрип колонија од ВЕ-4 со љубов“,којшто го финансира од Вишеград фондацијата на групата :Полска,Словачка,Чешка и Унгарија,информира Томе Трајков од СЦМ-Велес

-Јубилејот на постоењето на најзначајната стрип манифестација во земјава создаде обврска истиот да се одбележи најрепрезентативно што може и во тоа се успеа.Велес е центар на македонската,балканската и европската стрип сцена, потенцира Трајков.

Воедно информира дека во склоп на овој јубилеј, на 25 август ќе биде организирана посебна тематска изложба под наслов „20 Г МЕЃУНАРОДЕН СТРИП САЛОН“,со плакати од сите досега организирани стрип салони.

Тој нагласи дека оваа година посебно ја обележува и финансиската поддршка од страна на Интернационалниот ВИШЕГРАД ФОНД     и WESTERN BALKAN FUND ,покрај традиционалната поддршка од страна на Министерството за култура на Македонија и Општина Велес.

Од  СЦМ-Велес на овие две значајни стрип манифестации ги повикуваат слободно да присуствуваа сите вљубеници на стрип уметноста од Велес и земјава. ад/лв/

Остани поврзан