• недела, 22 декември 2024

Започна UltiMATH финалето: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Започна UltiMATH финалето: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - Првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија, започна денеска, со рекордни 350 учесници од целата земја.

Органзиаторите на овој, како што наведуваат најголем натпревар од ваков вид, во присуство на професори и со поддршка од своите родители, очекуваат финалистите да ги покажат своите математички вештини во елиминациските рунди и да се натпреваруваат за престижната главна награда од 10.000 евра.

Основачот на образовниот центар Бреинстер, Факултетот Бреинстер НЕКСТ и на NU Колеџот за средношколци, Петар Ниновски, на отворањето на натпреварот истакна дека денеска се слави талентот на учесниците и додаде дека нивната посветеност кон математиката претставува дополнителна инспирација за тимот кој го овозможи UltiMATH.

-Посебна благодарност сакам да упатам до средните училишта низ целата земја кои широко ни ги отворија вратите за овој предизвик. На нашите посети запознавме многу талентирани ученици, ученици кои веќе работат на своите големи идеи, развиваат бизниси и решително гледаат напред кон иднината. Довербата што ја добивме од нив ни даваат сила да продолжиме да создаваме вакви можности за младите и заедно да ги поддржиме во остварувањето на нивните соништа, рече Ниновски.

Математиката не е само збир на броеви и формули. Таа е основата на логиката, критичкото размислување и иновациите – вредности кои се неопходни за напредокот на секое општество, потенцира Ниновски.

-Математиката е ваш најголем сојузник, без разлика дали ќе продолжите со кариера во инженерство, програмирање, наука или економија. Мое искрено очекување и надеж е дека токму вие 350 сте следните лидери во нашето општество и сигурен сум дека секој од вас може да направи огромен импакт. Како што често се вели во светот на „возрасните“, нашата иднина и светот во којшто живееме останува на младите! Сега доаѓа вашиот ред да направите исчекор, да поттикнете и создадете промени кои ќе донесат бенефит за целото општество, истакна Ниновски.

Ниновски се заблагодари и на партнерите на UltiMATH, организации и компании кои ги поддржуваат младите и директно придонесуваат кон нивниот развој и успех.

По завршувањето на денешните две рунди на UltiMATH, најдобрите 50 учесници го продолжуваат натпреварувањето во Супер финалето и UltiMATH Challenge-от.

UltiMATH продолжува утре, 1 декември 20224 година. Во првата рунда – Супер финалето, натпреварувачите ќе се соочат со напредни математички задачи, а во втората рунда – UltiMATH Challenge со комплексни математички проблеми.

Покрај паричната награда од 10 илјади евра, најдобриот математичар ќе добие и целосна стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот. Донација од 1.500 евра ќе биде доделена и на училиштето од каде што доаѓа најдобриот математичар.

Вредни награди ќе има и за најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци. Изненадувања ќе има и за сите финалисти на UltiMATH.

Натпреварот UltiMATH доби поддршка од повеќе средни училишта во земјава и од компании и организации, а е поддржан и од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности - Youth Actively Create Opportunities, наведуваат организаторите. вг/

Фото: UltiMATH

Остани поврзан