• среда, 10 јули 2024

Започна изградбата на дел од улица во неготинско Пепелиште

Започна изградбата на дел од улица во неготинско  Пепелиште
Неготино, 1 ноември 2022 (МИА) - Започна изградбата на дел од улица во селото Пепелиште, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Тој нагласи дека тоа е од големо значење за жителите на ова село.
- Работници на изведувачот на работите, ГП Градба промет од Неготино, започнаа со изведувањето на градежните активности за изградба на дел од улица во село Пепелиште, во должина од 270 метри. За вршење на надзорот на градежните активности одговорно е Студио Архивисион ДООЕЛ-Скопје. Во зависност од временските услови, крајниот рок за извршување на градежните работи е 30 денови од издавањето на налогот и воведот во работа, соопшти Стојанов.
Тој додаде дека ова е само еден од многуте проекти на локалната самоуправа, во урбаните и руралните средини од општината. свд/сст/

Остани поврзан