• понеделник, 23 декември 2024

Запленети 1,5 тони кокаин кај Плимут, уапсени шест лица

Запленети 1,5 тони кокаин кај Плимут, уапсени шест лица
Плимут, 11 септември 2021 (МИА) - Шест мажи, меѓу кои и еден Британец, се уапсени во близина на Плимут, по заплена на 1,5 тони кокаин вреден 120 милиони фунти (140 милиони евра). Британската државна агенција за борба против криминалот (НЦА) соопшти дека во соработка со австралиската федерална полиција и локалните погранични сили, уапсиле Британец и петмина државјани на Никарагва со јахта од Јамајка, на околу 130 километри од брегот, објави „Гардијан“. „Мажите, на возраст од 24 до 49 години, се уапсени под сомнение за шверц на дрога и ќе останат во притвор до сослушување“, додава НЦА. Заменик -директорот на НЦА, Мет Хорн рече дека „нема сомнение дека оваа дрога ќе се продава на места низ Велика Британија, што ќе доведе до уште поголем криминал и беда“. паг/  

Остани поврзан