• среда, 27 ноември 2024

Запленети стари монети вредни околу 2 350 000 денари, пронајдени во багаж на македонски државјанин

Запленети стари монети вредни околу 2 350 000 денари, пронајдени во багаж на македонски државјанин

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Стари монети со проценета нумизматичка вредност од 2 359 000 денари се пронајдени во багаж на македонски државјанин кој преку Меѓународниот аеродром - Скопје требал да патува во САД. 

Како што соопшти Царинската управа, монетите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

-На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот, на Меѓународниот аеродром во Скопје, на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник - македонски државјанин кој патувал за САД. Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари, наведува Управата. мч/дма/

фото: Царинска управа

 

 

Остани поврзан