• понеделник, 23 декември 2024

Запленети над 2.000 килограми кокаин вреден 157 милиони евра во Ирска

Запленети над 2.000 килограми кокаин вреден 157 милиони евра во Ирска

Даблин, 27 септември 2023 (МИА) - Вкупно 2.253 килограми сомнителен кокаин со улична вредност од 157 милиони евра (166 милиони долари) се запленети од панамски товарен брод со потекло од Јужна Америка во близина на југоисточниот брег на Ирска, откако елитната ирска армиска единица спроведе голема операција.

Говорејќи на брифинг за медиумите во Даблин денеска, висок член на ирската полициска служба рече дека ова е најголемата заплена на дрога во историјата на државата.

Инспекторите веруваат дека не целата дрога била наменета за Ирска. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан