Запалена викендичка во Катланово, на терен пет возила и 15 пожарникари
- Запалена е викендичка во близина на црквата во населбата Катланово. Интервенираат 15 пожарникари со пет противпожарни возила, информиртаа вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје (РЦУК).
![Запалена викендичка во Катланово, на терен пет возила и 15 пожарникари](https://new.mia.mk/images/20240118222111_big_730x400_53.webp )
Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Запалена е викендичка во близина на црквата во населбата Катланово. Интервенираат 15 пожарникари со пет противпожарни возила, информиртаа вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје (РЦУК).
Пожарот е пријавен на Европскиот број за итни случаи околу 22 часот. Од РЦУК Скопје информираат дека нема опасност за проширување на пожарот.
Дополнителни информации најавуваат во утринскиот извештај. бд/бак/
Фото: МИА архива