• недела, 22 декември 2024

Западноафриканскиот блок ги укина санкциите против Нигер, воведени поради државниот удар

Западноафриканскиот блок ги укина санкциите против Нигер, воведени поради државниот удар

Абуџа, 24 февруари 2024 (МИА) – Регионалниот блок на западноафриканските држави, ЕКОВАС, денеска соопшти дека ги укина патните, трговските и економските санкции воведени против Нигер минатата година, откако војската во земјата изврши државен удар.

Санкциите ќе бидат веднаш укинати, изјави претседателот на Комисијата на ЕКОВАС Омар Али Тураи по состанокот на блокот во главниот град на Нигерија, Абуџа.

Укинувањето на санкциите за Нигер е „на чисто хуманитарна основа“ за да се олесни страдањето предизвикано од нив, рече Тураи пред новинарите.

- Сепак, индивидуалните санкции, како и политичките санкции остануваат во сила, додаде тој. јт/

Остани поврзан