Заменик-министерката за европски прашања Трајков ќе учествува на Меѓународниот форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025“
- Како што соопшти Министерството за европски прашања, форумот, кој ќе трае до 23 ноември, е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на Меѓународниот сојуз на млади демократи, а се очекува свои обраќања да имаат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, пратеници од македонското Собрание, како и високи државни претставници и претставници на младински сојузи од повеќе земји.
Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков денеска ќе учествува на меѓународен форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025", каде во своето поздравно обраќање ќе зборува за младите и предизвиците на 21-виот век.
Како што соопшти Министерството за европски прашања, форумот, кој ќе трае до 23 ноември, е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на Меѓународниот сојуз на млади демократи, а се очекува свои обраќања да имаат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, пратеници од македонското Собрание, како и високи државни претставници и претставници на младински сојузи од повеќе земји.
Заменик-министерката Трајков ќе има свое обраќање на актуелна тема „Трансформирање на Западен Балкан: Од агенди за реформи до интеграција во ЕУ и колективен просперитет“, додаваат од Министерството. нд/вј/
Фото: МИА архива