• сабота, 23 ноември 2024

Замена на греењето во училиштето во Марена

Замена на греењето во училиштето во Марена
Кавадарци, 30 октомври 2020 (МИА) - Заменет е начинот на греење во подрачното училиште во село Марена, информираа од Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци. -Изразуваме благодарност до градоначалникот Митко Јанчев, локалната самоуправа и фирмата изведувач. Голем е бенефитот кога греењето на дрва со стари шпорети, се заменува со био гориво (пелети) и комбинирано греење. Со овој начин на греење ќе има добробит најмногу за учениците, наставниците, а и за градот, затоа што сме свесни дека има големо загадување. На овој начин, во училиштето се очекува во голема мерка да се намалат трошоците во однос на загревањето во просториите и училниците, а паралeлно со тоа и подобри услови за настава на учениците, појаснија од училиштето. Средствата се обезбедени од буџетот на  ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци. свд/аа/

Остани поврзан