• понеделник, 01 јули 2024

„Заландо“ ќе ги отстрани погрешните „еколошки“ ознаки од производите што ги продава 

„Заландо“ ќе ги отстрани погрешните „еколошки“ ознаки од производите што ги продава 

Брисел, 22 февруари 2024 (МИА) - По дијалогот со Европската комисија и националните органи за заштита на потрошувачите, „Заландо“ се обврза да ги отстрани погрешните ознаки за одржливост наведени до производите што се продаваат преку оваа платформа за е-трговија, информира портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд. 

- Ваквите ознаки можат да ги доведат во заблуда потрошувачите за еколошките карактеристики на производите. Од 15 април 2024 година, ознаките повеќе нема да се појавуваат, а наместо тоа, „Заландо“ ќе обезбеди јасни информации за еколошките карактеристики на производите, како што е процентот на употребени рециклирани материјали, информира Виганд. 

Согласно договореното, „Заландо“ се обврзува да ги отстрани ознаките за одржливост од сите веб страници и од филтерот за пребарување, како и сите погрешни ознаки за животна средина што беа прикажани до производите што ги нуди на продажба. 

Дополнително, компанијата се обврзува повеќе да не го користи терминот „одржливост“ или други поими што укажуваат на еколошка и етичка полезност.  

Првото барање за исплата е испратено вчера и го покрива периодот од ноември 2022 до јануари 2022, барањата за исплата ќе се праќаат на месечна основа и ја повикуваме Полска итно да се усоглас

- „Заландо“ ќе обезбеди јасни информации за секој конкретен производ, на пример, колкав процент на рециклиран материјал содржи тој и ќе обезбеди јасни и конкретни информации за еколошката и етичката полезност, со детали за производот, посочи Виганд. 

Компанијата ќе изработи и две нови веб страници, една, која ќе содржи повеќе информации за стандардите на производите, и втора, со информации за пристапите и стратегиите на „Заландо“ поврзани со одржливоста. 

Целта на ваквите измени е да се гарантира дека тврдењата изнесени на веб страната на „Заландо“ се базираат на аспекти кои се значајни за животната средина. 

Согласно договореното, „Заландо“ ќе поднесе извештај за реализацијата на преземените обврски, врз основа на кој ќе се процени дали компанијата ги имплементира обврските. 

Според правилата на ЕУ за нефер комерцијални практики, компаниите се должни да обезбедат вистинити информации на потрошувачите и да се воздржат од нивно залажување со цел да се влијае врз нивните избори. Тие правила на ЕУ треба да овозможат спречување на широк спектар на нефер деловни практики. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан