• недела, 22 декември 2024

Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање добиваат европско знаме во Собрание

Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање добиваат европско знаме во Собрание
Скопје, 25 декември 2020 (МИА) - Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање во Собранието ќе се разгледуваат со европско знаме, одлучи Владата на денешната 34-та седница. -На денешната седница Владата, заради посебен јавен интерес, донесе одлука Предлог - законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2021 година, и Предлогот на закон за Агенцијата за разузнавање во Собранието да бидат усвоени со постапка предвидена за закони со европско знаме, соопшти владината прес-служба. дма/сст/

Остани поврзан