• понеделник, 23 декември 2024

Законот за помилување на седница на Комисијата за политички систем

Законот за помилување на седница на Комисијата за политички систем

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница одржува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која членовите треба да разгледаат повеќе Предлог закони меѓу кои и Предлог на закон за помилување.

Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ на седницата истакнаа дека сега не е вистински момент за разгледување на предлог - закони, поради распуштањето на Владата. Пратениците од власта, пак, предложија јавна расправа, но овој предлог за опозицијата не беше прифатлив, со оправдување дека за тоа нема време.

На денешната седница на Комисијата треба да бидат разгледани и Предлог на закон за дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите - Прво читање. свс/ев/

Фото:МИА

Остани поврзан