• среда, 03 јули 2024

Закерберг и Гејтс даваат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот

Закерберг и Гејтс даваат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот
Њујорк, 27 март 2020 (МИА) – Претседателот на Фејсбук Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан заедно со добротворниот фонд на еден од основачите на Мајкрософт Бил Гејтс, ќе дадат 25 милиони долари за истражување на препарати, со кои може да им се помогне на заразените со коронавирусот. Ова го соопштија Закерберг и Чан во денешното интервју за телевизијата Си-Би-Ес. Фондот на Гејтс и неговата сопруга Мелинда има околу 50 милијарди долари. Меѓу основните области во кои финансира, е и борбата со опасни болести во земјите во развој, како и програми во здравството и образованието во САД. јт/

Остани поврзан