• недела, 22 декември 2024

Закани за бомби во трговски центри и училишта во Санкт Петербург

Закани за бомби во трговски центри и училишта во Санкт Петербург
Санкт Петербург, 3 јуни 2020 (МИА) - Неколку трговски центри и училишта во рускиот град Санкт Петербург добија закани со бомби, изјави неименуван полициски извор. - Во тек е контрола на неколку трговски центри и училишта откако по е-маил добиле закани за поставени бомби, изјави неименуван извор за ТАСС, без да даде детали. Трговските центри во Санкт Петербург работат според ограничени правила, поради рестрикциите воведени за спречување на ширењето на коронавирусот. Отворени се само продавниците за храна и аптеките, а рестораните можат да доставуваат храна. паг/  

Остани поврзан