Заеднички проект на Струмица и Петрич за заштита од непогоди
- Општините Струмица и Петрич започнаа со спроведување на заеднички проект насловен „Заштита на локалното население од природни катастрофи и непогоди предизвикани од човечкиот фактор“, што се реализира во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Софија, 14 март 2023 (МИА) - Општините Струмица и Петрич започнаа со спроведување на заеднички проект насловен „Заштита на локалното население од природни катастрофи и непогоди предизвикани од човечкиот фактор“, што се реализира во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Како што јави бугарскиот порталот „Струма“, станува збор за проект вреден 400.000 евра, кој опфаќа набавка на опрема за реакција при кризни состојби во Струмица, заедничка обука на волонтери за одговор при кризи, размена на искуства на доброволните друштва и изработка на програма за обука.
Во рамки на проектот, според порталот, Општина Петрич ангажирала 21 волонтер кои ќе поминат обука за заштита и справување со непогоди, а ќе набави и модуларен систем за одговор при кризи, кој ќе вклучува теренско возило и опрема за дејствување при случаи на поплави и шумски пожари. сп/ац/
Фото: МИА архива