• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Толеранцијата, заедно со почитувањето на различностите и признавањето на правата на другите, се во темелите на нашето „Едно општество за сите“

Заев: Толеранцијата, заедно со почитувањето на различностите и признавањето на правата на другите, се во темелите на нашето „Едно општество за сите“
Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) - Толеранцијата, заедно со почитувањето на различностите и признавањето на правата на другите, се во темелите на нашето „Едно општество за сите“. Република Северна Македонија ја изгради оваа голема вредност и придобивка, која денес ја препознава целиот свет и е важно да ја афирмираме и негуваме, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил. Денеска e Меѓународен ден на толеранцијата во календарот на Обединетите Нации. Во пораката за оваа година, подвлекува тој, ОН порачуваат дека овој ден е потсетник дека различностите, достоинството на секој маж и жена, и борбата против расизмот и дискриминацијата треба да бидат наше секојдневие. - Ве повикувам да продолжиме да го зацврстуваме и да го браниме општеството на еднакви граѓани без разлика на нивната етничка, социјална, верска, сексуална и било каква определба, за да живееме во разбирање и мир, слога и заедништво, во општество во кое секој ќе се чувствува еднакво и сигурно, објави Заев на ФБ. цр/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан