• среда, 03 јули 2024

Заев: Со Колективниот договор за високо образование и наука повеќе пари за наставно-научниот кадар, повеќе инвестиции, помотивирани студенти

Заев: Со Колективниот договор за високо образование и наука повеќе пари за наставно-научниот кадар, повеќе инвестиции, помотивирани студенти
Скопје, 24 април 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев напиша на неговиот фејсбук профил дека Колективниот договор за високо образование и наука, кој беше усвоен на последната владина седница, ќе значи повеќе пари за наставно-научниот кадар, повеќе инвестиции, помотивирани и поквалитетни студенти.
-Со колективниот договор за првпат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително предвидено е зголемување на платата на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година, стои на фејсбук профилот на премиерот Заев.
Едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор, наведува Заев, е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќал со големи потешкотии од страна на високообразовните установи, сенаведува на фб статусот на премиерот Заев. вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан