• четврток, 04 јули 2024

Заев одликуван од Атинската комора за унапредување на економските и политичките врски меѓу двете земји

Заев одликуван од Атинската комора за унапредување на економските и политичките врски меѓу двете земји
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - На премиерот Зоран Заев денеска во Атина му е врачено одликување како признание за неговиот голем придонес во унапредувањето на економските и политичките врски меѓу Грција и Северна Македонија од страна на претседателот на Атинската трговско-индустриска комора, Константинос Михалос.
  Од владината прес-служба информираат дека претседателот на комората Михалос искажал голема благодарност за посветената работа на премиерот Заев и за неговите заложби за зацврстување и унапредување на економската соработка меѓу двете земји. На средбата присуствувале истакнати стопанственици, членови на комората од повеќе сектори како енергетика, индустрија, ИТ индустријата, фармацијата, кои искажаа интерес за инвестирање и за нови вложувања со партнери од Северна Македонија. Премиерот Заев, се вели во владиното соопштение, се заблагодарил за честа за доделеното одликување и за укажаното признание и подвлече дека Владата на Северна Македонија континуирано се залага за подобрување на деловниот амбиент и за инвестициски вложувања. Посочил дека надворешно-трговската размена на Република Северна Македонија со Република Грција е значајна имајќи предвид дека Грција континуирано се наоѓа меѓу петте најголеми наши трговски партнери. Со средбата во Атинската трговско-индустриска комора, премиерот Заев ја заокружи дводневната работна посета на Атина и учеството на Економскиот Форум Делфи.фф/лв/ https://www.youtube.com/watch?v=AlVFImxo5QA

Остани поврзан