• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата

Заев: Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата
Скопје, 16 април 2021 (МИА) –  Законот важи еднакво за сите. Институциите на истрагата си ја вршат својата работа. Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го случајот со набавката на софтверот за контрола на сообраќајот. - Уште еднаш се потврдува за сите наши граѓани и институциите дека нема недопирливи пред законот, некој што бил генерален секретар до есента, сега до вторникот секретар во мојот кабинет, законот важи еднакво за сите. Институциите на истрагата си ја вршат својата работа. Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата, изјави Заев. Никој не е виновен, посочи Заев, додека не му се докаже вината и треба да ја почитуваме пресумпцијата на невиност. - Сум потврдил и проверил, генералниот секретар Мухамед Зеќири ги доставил сите податоци од постапката за јавна набавка, до доказите за тестирање на системот, до неговата употребливост и слично, како е завршена постапката, дополнителните барања и Јавно обвинителство и Антикорупциска, се испорачани. Секако пресумпцијата на невиност ја почитуваме, но истовремено нема недопирливи во државата, изјави Заев. Јавната набавка, посочи Заев, е спроведена согласно Законот за Влада, согласно Деловникот за работа на Влада и врз основа на анализи. - Од тоа што јас го знам постапката за набавка е спроведена целосно согласно закон, ама на крајот е судот тој што треба да пресече за таа работа. Конечна е пресудата и таа е неприкосновена. Но, тоа што го знам е дека е согласно закон, согласно Деловникот за Влада, и системот е тестиран. Имаме 160 жртви од сообраќајни несреќи и целта е да ги преполови и ако може и да ги нема. По сите анализи и студии, државата од сите тие сообраќајни несреќи губи повеќе од 220-30 милиони евра. Сето тоа е причината зошто се правеле вакви анализи, изјави Заев. Посочи дека, нема софтвер на Рашковски, туку дека тој патентирал систем, што е добиен и направен од ФИНКИ и уште една фирма на тендер, согласно планот за јавни набавки. - Можеби сум пристрасен, можеби не, но затоа постојат независни институции да го утврдат тоа. Важна е пораката, што треба сите да ја сфатиме, дека никој не е недопирлив во државата. Законот важи еднакво за сите и притоа треба да знаеме, дека никој не виновен додека не му се докаже вината, изјави Заев. Затоа, посочи тој, многу е важно сите овие вредности, што последните години ги гледаме со конечни пресуди, истраги и независност во правосудните органи во нивното делување, да ги одржиме и охрабриме да јакнат во својата независност и капацитет. аа/скс/ https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/495934608089805/

Остани поврзан