• недела, 24 ноември 2024

Заев на средба со Села и Гаши за решение за законот за државјанство

Заев на средба со Села и Гаши за решение за законот за државјанство
Скопје, 12 април 2021 (МИА) – Во Собранието денеска претпладне почна средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши. Ова е втора средба на Заев со претставници на албанската опизиција - АА и Алтернатива. На средбата  присуствуваат и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. Треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Пред две недели, премиерот Заев заедно со неколкумина министри се сретна со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи и со неговата заменичка во врска со законот за државјанство, кој беше причина за блокада на дваесетина закони во Парламентот. Тогаш и Заев и Реџепи рекоа дека има оптимизам за решавање на оваа прашање. фф/мд/

     

Остани поврзан