• недела, 22 декември 2024

Заев на средба со директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование

Заев на средба со директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево го прими директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование Агим Рушити, a на средбата присуствуваше и советничката за образование на премиерот, проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев беше информиран за досегашната работа на Агенцијата за квалитет на високото образование, во рамките на која функционираат и одборите за акредитација и евалуација во високото образование. Директорот Рушити го презентирал начинот и принципите на кои функционираат одборите, нивната работа, но и предизвиците со кои се соочува Агенцијата. На средбата било потврдено дека се работи на доекипирањето на Агенцијата за квалитет на високото образование, како и на брзо формирање на Националниот совет за високо образование, што ќе придонесе за непречено и квалитетно функционирање на Агенцијата за квалитет на високото образование. мс/ац/

Остани поврзан