• петок, 22 ноември 2024

Заев: Индустриската зона во Визбегово ќе ја преземе дирекцијата на ТИРЗ

Заев: Индустриската зона во Визбегово ќе ја преземе дирекцијата на ТИРЗ
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Докажавме дека во бизнис секторот гледаме партнери со кои носиме успешни економски политики. Растот на бруто домашниот производ е доказ дека растат и компаниите. Сите политики за развој на економијата, за раст на платите ги донесовме во преговори каде беа вградени мислењата и ставот на компаниите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на средба со претставници на бизнис секторот од индустриската зона во Визбегово, на која присуствуваа и потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи и актуелниот и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
На средбата со претставници на компании од трговска, производствена и извозна индустрија кои работат во зоната Визбегово, биле потврдени заложбите на Владата предводена од СДСМ за креирање стабилен амбиент за бизнис секторот и покрај пандемијата.
- Покажавме посветеност индустриската зона Визбегово да ја преземе дирекцијата на ТИРЗ. Со статус на ТИРЗ државата добива надлежност да инвестира во зоната, на канализационата мрежа и мрежата за водоснабдување. Имаме еднаков пристап кон домашните и странските инвестиции и слух за предизвиците од пандемијата, рече тој.
На средбата била поздравена соработката и отвореноста на централната власт за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите во зоната, каде се инвестирани околу милијарда евра. Исто така, е поздравена и тесната соработка со локалната власт особено во донесување на ДУП-от за изградба на функционален булевар за сите компании. Заев посочил дека овој пат е од голема важност и за граѓаните бидејќи поврзува со соседно Косово.
Заев им порача на компаниите да продолжат да работат и развијат, бидејќи, како што рече, заедно со нив расте и се развива државата.
- Државата е исправена пред економски раст бидејќи сите други стратешки прашања се веќе решени. Сме полноправна членка на НАТО а со отворањето на поглавјата на патот кон европската интеграција ќе ги отвориме и економските фондови, со што ќе станете поконкурентни во регионот и европскиот пазар, потенцира Заев.фф/цр

Остани поврзан