• понеделник, 25 ноември 2024

Заев: Граѓаните ќе излезат на избори затоа што знаат дека немаме функционални институции

Заев: Граѓаните ќе излезат на избори затоа што знаат дека немаме функционални институции
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) -  МВР ажурира избирачки месец на три месеци – четири пати во годината. Последен пат беше ажуриран во мај месец. И ДИК е должна да ги впише новите лица кои наполниле 18 години. ДИК е комплетно подготвен, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телевизија 21. - Министерството за внатрешни работи е должно да ги впише сите што полнат 18 години до 5 јули. Со тоа го стекнуваат правото на глас, и им треба лична карта или патна исправа, кои можат да се издадат и на денот на изборите. Ако избирачкиот список е ажуриран, остануваат другите активности на надлежните органи, истакна Заев. Тиј порача дека на денот на изборите ќе имаме посебни здравствени протоколи. - Ако можеме да одиме во банка, во маркет, на пазар, во ресторан, а сега мораме пет минути да поминеме на избирачкото место, не знам што е опасно, изјави Заев. Тој истакна дека ако очекувањето во нормални услови е 1.100.000 гладсачи да излезат на изборите, заради коронавирусот порценува дека ќе излезат околу 900.000, изразувајќи оптимизам дека сепак граѓаните во голем број ќе излезат на гласање. - Мое очекување е дека ќе имаме 900 000 гласачи. Верувам дека одѕивот ќе биде од 50 до 60 отсто од гласачите. Ова се парламентарни избори и граѓаните ќе излезат за да ги поставиме институциите. Не можеме поинаку да функционираме. Уредбата со законска сила е закон, без Парламент и без потпишување на указ од претседателот, и Владата ако сака може да застрани и ова да го злоупотреби. Затоа избори ни се неопходни и заради економскиот, но и заради политичкиот контекст, дополни Заев. сп/

Остани поврзан