• недела, 22 декември 2024

Заев: Го следиме процесот во образованието, никој нема да биде оставен без учебници

Заев: Го следиме процесот во образованието, никој нема да биде оставен без учебници
Скопје, 7 септември 2021 (МИА) - Будно ги следиме работите и секогаш сме подготвени за сите деца во четврто одделение, каде почнува дигитализацијата на наставата, да бидат обезбедени со електронски и печатени учебници. Никој нема да биде оставен без учебници, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Премиерот на прес-конференцијата во Општина Сарај, во одговор на новинарско прашање околу образовниот процес посочи дека голем дел од децата се обезбедени со смарт таблети, и со се што им е потребно, но испрати пораката дека ќе го следат целиот процес, и онаму каде што нема доволно, Владата ќе интервенира и ќе изнајде начин децата да се чувствуваат рамноправно. -Дефинитивно јас можам да потврдам дека онлајн наставата навистина дава можност да децата видат, се запознаат со материјата, визуелно да го осознаваат, на пример ако учат за врвот на некоја планина, ќе можат преку интернет да видат како изгледа таа, и дополнително да се информираат, додаде Заев. Како што напомена премиерот, по сите анализи на квалитетот на образование е констатирано дека малку од знаењето останува кај децата, а целта е децата да излегуваат како генерација со многу посеопфатно и посуштинско знаење. бт/ац/  

Остани поврзан