• недела, 22 декември 2024

Задоволен сум од работата на Владата во првите 100 дена, вели Димитриевски

Задоволен сум од работата на Владата во првите 100 дена, вели Димитриевски

Скопје, 17 октовмри 2024 (МИА) - Никој не може да очекува дека нештата ќе се променат преку ноќ. Работите ќе се променат само со посветена работа со подобра организација. Факт е дека нештата се придвижија. Првенствено немаме такво ниво на корупција какво што имавме. Не е искоренета, но секојдневно истата се намалува, и мислам дека е потребен барем период од некаде една година за да се изврши првиот скен што тоа се има сработено, вели претседателот на движењето ЗНАМ - За наша Македонија Максим Димитриевски 

Димитриевски во гостувањето во Само интревју на Канал 5 телевизија на прашањето дали е задоволен од сработеното од Владата во првите 100 дена, појаснува дека оценката ја темели на неговото искуство како градоначалник оти кога стапил на функција во октомври 2017 година,  првиот реален буџет, реална програма ја имал следната година.

-Значи за оваа Влада реалната владина програма ќе почне со реализација следната година. Ова беше санирање на затекнатите состојби. Да не даваме елаборација за работењето на Владата, јас сум задоволен од тоа што се случува, но сметам дека треба да се работи многу поинтензивно, од друга страна да се продолжи во континуитет да се работи на процесот на професионална администрација и на реформи во правосудството. Тие се два ресора со кои менаџира во моментов ЗНАМ, ние сме задоволни од нашите кадри, вели Димитриевски.

Тој потсетува дека во делот на правосудството првата одлука на министерот за правда беше во интерес на граѓаните со укинувањето на нотарските такси.

-Во делот на правосудството првата одлука на министерот беше во интерес на граѓаните, ги укина оние фамозни нотарски такси кои претходната власт ги има зголемено и до 50 пати процентуална вредност за давање на некои услуги. И дополително, значи сака суштинска реформа во судството, не само про форма, реформа која ќе ги смени едните, а ќе дојдат подедкнакво исти други. Да извадиме професиоанлно независно сдуство, независно обвинителство, а во делот на јавната и државната администрација кај министерот Минчев сведоци сме дека една од најактуелните теми беше балансерот. Факт е дека таа тема тргна директно од ЗНАМ, ја отворивме таа тема, се разбуди инмтересот кај Уставниот суд да ја разгледа иницијативата на ДКСК и де факто истиот е укинат. Кога велам квалитет, а не квантитет, токму мислам на правична застапеност, но и на воведување на реален мерит систем кај што сите ќе имаат еднакви права и можности но ќе се вреднува оној кој што е најквалитетниот, кажа Димитриевски.

Прашан за идејата за паралелна албанска академија на науките што ја турка ВЛЕН која е дел од владината коалиција, тој смета дека тоа е само идеја и купување на евтини политички поени.

-Чиста манипулација со јавноста и со електоратот е да формирате академија на науки. Во Македонија може да има само една академија на науки, тоа е МАНУ каде членуваат и Албанци и Срби. Науката не познава ни нација ни јазик, единствено познава работа и континуитет. Тој кој се занимава со наука во континуитет, кој има трудови, меѓународно признаени, се рангира како научник и него му е место во МАНУ. Исто како што Македонска академија на науки не може да има ниту во Албанија, ниту во Србија, не може ниту во Македонија да има албанска, срспка или која било друга академија на науки. Мене оваа работа ми е апсолутно јасна бидејќи е купување евтини политички поени. МАНУ е формирана со закон. Значи тоа ќе остане само идеја, како што досега останале многу идеии со политичка и наменска улога за замајување на електоратот по национална основа, вели лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

За најавата на протести од страна на ДУИ, тој е дециден дека миорни протести се зрелост за демократијата, но секој обид да се дестабилизира држава, државата има систем и постапува. Тој вели, не очекува да се случи такво нешто, оти ќе има одговорност . вг/ цр

Фото: МИА Архива  

Остани поврзан